Национален Систем за Електронски Евиденции во Здравството

Мој термин

Мој термин претставува електронски систем за следење на листите на чекање во клиниките. Системот има цел да му овозможи на секој пациент транспарентен и целосен преглед на листите на чекање во секоја клиника. Во случај на закажан термин, корисникот има можност да ја провери неговата состојба со најавување на системот. При измена на терминот, пациентот ќе биде известен од системот преку SMS или електронска пошта.

Телефон за техничка поддршка

02/15 444

Листа на закажување

Оваа страна му овозможува на секој корисник преглед во листите на закажување за секоја клиника. Корисникот има можност со избор на соодветната клиника и тип на интервенција да ги излиста сите закажани интервенции со конкретни датуми и термини. Најгоре е издвоен последниот закажан термин од секој тип на интервенција.

Листа на закажување »

Пронајди

Системот овозможува пронаоѓање на вашата интервенција. Потребно е да го внесете бројот на интервенцијата во полето за пребарување и деталите за вашата интервенција ќе се прикажат на екранот.

Слободни термини по апарати

Оваа страна му овозможува на секој корисник преглед на слободните термини за апарати и на термините кои што се недостапни поради изминатост, зафатеност или неработен ден.

Плаќање по учинок

Системот за плаќање по учинок има за цел зголемување на индивидуалната успешност, ефикасност и продуктивност на вработените во здравствениот сектор, а со тоа да се овозможат поквалитетни услуги за корисниците на здравствениот систем на РМ.