За Мој Термин
Министерството за здравство во непосредна соработка со здравствените установи иинституциите од сите сегменти на здравствената заштита, интензивно работи на процесот наинформатизација на здравството. Пред сите е поставена висока цел – да се воспостават автоматизирани процеси на работа воординациите од сите нивоа на здравствена заштита, здравствената администрација и аптеките.
Цели
- Намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во здравствените установи
- Унифицирани и веродостојни бази на податоци
- Брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите
- Градење на електронски здравствен картон (досие)
- Квалитетна здравствена услуга, за сметка на намалена административна работата
- Формирање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори
- Воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување на прегледи и други услуги
- Намалување на бројот на двојни прегледи и интервенции
- Брза комуникација и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита
- Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки