Мој Термин
Најди слободен термин
x
    Погледни ги сите слободни термини

    За Мој Термин

    Министерството за здравство во непосредна соработка со здравствените установи и

    институциите од сите сегменти на здравствената заштита, интензивно работи на процесот на

    информатизација на здравството.

    Пред сите е поставена висока цел – да се воспостават автоматизирани процеси на работа во

    ординациите од сите нивоа на здравствена заштита, здравствената администрација и аптеките.

    Цели:

    • Намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во здравствените

    установи

    • Унифицирани и веродостојни бази на податоци

    • Брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите

    • Градење на електронски здравствен картон (досие)

    • Квалитетна здравствена услуга, за сметка на намалена административна работата

    • Формирање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори

    • Воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен

    картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување на прегледи и

    други услуги

    • Намалување на бројот на двојни прегледи и интервенции

    • Брза комуникација и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната

    здравствена заштита,

    • Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки

    • Финансиска заштеда преку преоѓање на електронско работење со електронски

    документи кои ќе ги заменат досегашните хартиени упати и рецепти

    • Точни и навремени податоци за сите сегменти кои ги опфаќа здравствениот систем

    • Можност преку Интернет граѓаните да пристапат на сигурен начин до сопствените

    податоци и корисни информации.

    Во насока на исполнување на овие цели во тек е изградба и имплементација на повеќе

    софтверски решенија и системи:

    • Национален систем за електронско закажување на интервенции и прегледи – Мој

    Термин

    • Воведување на Електронски упат (Е-упат) со уникатен број на упат поврзан со Фондот

    за здравствено осигурување

    • Воведување на Електронски рецепт (Е-рецепт)

    • Електронски медицински дневник за евидентирање на медицински интервенции

    извршени над пациентот

    • Електронски здравствен картон (досие) за пациентите

    • Електронски индивидуални здравствени обрасци и извештаи (35)

    • Balance Score Card – систем

    • Систем за пресметка на плата – Плаќање по учинок

    • Регистар на лекови и виртуелен магацин

    • Регистар на здравствени установи

    • Електронска здравствена картичка (ЕЗК)

    Сите овие системи ќе функционираат интегрирано, во склоп на Националниот систем за

    електронски евиденции во здравството.

    Специјалист
    Апарат
    Установи
        x