Мој Термин
Најди слободен термин
x
    Погледни ги сите слободни термини

    Измена во начин на упатување кон Институт за микробиологија и паразитологија - Медицински факултет Скопје за матични лекари

    13 Окт 2017

    Почитувани,

    Во прилог е известувањето од Институт за микробиологија и паразитологија - Скопје за начин на упатување на пациенти со урогенитални инфекции, респираторни инфекции и гастроинтестинални инфекции (прегледите за Helicobacter pylori). Од 16.10.2017 година овие пациенти треба да бидат закажани исклучиво во термин со избор на соодветното одделение:

    тип на упат: Специјалистичко-субспецијалистички упат
    здравствена установа: Институт за микробиологија и паразитологија
    специјалност: Медицински микробиолог
    ресурс: Оддел за урогенитални инфекции
    или
    ресурс: Оддел за дијагноза на респираторни инфекции
    или
    ресурс: Оддел за дијагноза на гастроинтестинални инфекции (преглед за Helicobacter pylori)

    Напомена: При носење на примерокот за испитување на институтот важно е пациентите да го запазат денот (датумот) кога е закажан терминот, односно примерокот да биде доставен до 12:00 на денот кога е закажан терминот.

     

    Упатување за Орална антикоагулантна терапија (ОАТ)

    9 Окт 2017

     

    Почитувани,

    Ве известуваме за пациентите кои се упатуваат во Институт за трансфузиона медицина за дозирање на Орална антикоагулантна терапија (ОАТ), да се закажуваат исклучиво во Амбуланта за ОАТ во соодветниот регионален центар и тоа: ОАТ- Скопје, ОАТ – Битола, ОАТ-Штип и ОАТ-Тетово, доколку одат на преглед во тој град. Во останатите градови се уште нема ваква поделба на пациентите.

    Упатувањето кон горенаведените Амбуланти за ОАТ во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин, ќе започне да се применува од 01.10.2017, при што во овие амбуланти ќе се воведе ограничување по МКБ10 дијагнози и ќе може да се закажуваат исклучиво пациенти за оваа намена: ДОЗИРАЊЕ НА ОРАЛНА АНТИКОАГУЛАТНА ТЕРПИЈА.

    Во овие ОАТ амбуланти нема да се прифаќаат пациенти за други анализи освен за ИНР за правење на шема за дозирање. Пациентите кои нема да бидат соодветно упатени според ова упатство, ќе бидат вратени кај докторот што ги упатил!

    Ви благодариме на разбирањето и се надеваме на успешна соработка,

    Со почит,

    Институт за трансфузиона медицина

    Начин на упатување за Конзилиум за издавање на конзилијарно мислење за продолжување на привремена спреченост за работа во УК за Гинекологија и акушерство Скопје

    14 Септ 2017

    Од 01.10.2017 закажувањето на прегледите за издавање на конзилијарно мислење за продолжување на привремена спреченост за работа ќе биде задолжително преку системот Мој термин, со издавање упат од матичниот гинеколог на следниот начин:

    Се избира:

    ·       Тип на упат: Специјалистичко-субспецијалистички упат

    ·       Здравствена установа: ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство

    ·       Специјалност: Комисиски преглед

    ·       Ресурс: Конзилиум за продолжување на привремена спреченост за работа

    Прегледите ќе се вршат секоја среда (14:30-18:30ч). За подготовката за прегледот и потребната документација се известени матичните гинеколози.

    За прашања и коментари во врска со наведените опции и за се што е поврзано со користење на системот Мој Термин може да се обратите на телефонот за техничка поддршка (02) 15 444 и на адресата mojtermin@zdravstvo.gov.mk.

     

    Постапка за отворање на корисничко име на лекари во Мој Термин

    7 Септ 2017

    За добивање на корисничко име во Мој Термин потребно е следново:

    Се праќа е-маил на адресата mojtermin@zdravstvo.gov.mk, со назнака(наслов) Барање за корисничко име.

    Во е-маилот треба да се наведат следните податоци:

    ·         Име и презиме на докторот

    ·         Факсимил

    ·         Мобилен телефон за контакт

    ·         Активна е-маил адреса за контакт

    ·         Име на Здравствена установа (ПЗУ/ЈЗУ) во која што работи

    По одобрување на барањето ќе добиете повратен одговор по е-маил со потребните информации.

    Министерство за здравство

    Постапка за упатување на скенирање со позитронски емитери на ЈЗУ Универзитетски Институт за позитронско-емисиона томографија

    7 Септ 2017

    Постапка за упатување на скенирање со позитронски емитери на ЈЗУ Универзитетски Институт за позитронско-емисиона  томографија

    Ве известуваме дека упатувањето за скенирање со позитронски емитери на ЈЗУ Универзитетски Институт за Позитрoнска Емисиона Томографија во Скопје ќе се врши на следниот начин:

    1. Упатувањето на пациенти за скенирање го прават само лекари од терциjарно ниво (специјалисти/субспецијалисти) согласно мислење на стручни комисии за малигни заболувања или конзилијарни мислења за не-онколошки заболувања
    2. Еден упат се користи само за ЕДЕН вид на скенирање. Доколку се потребни повеќе видови на скенирања за еден ист пациент, лекарот е должен да издаде повеќе упати за истиот пациент.

    Постапка на креирање на упат за скенирање:

    1. Се избира тип на упат : УПАТ ЗА РАДИОДИЈАГНОСТИКА-2
    2. Се избира категорија/специјалност - ПЕТ КТ - скенирање
    3. Се избира Услуга за радиодијагностика (вид на скен) – од опаѓачко мени
    4. Во полето За снимање на (опис)  задолжително да се внесе текст за дообјаснување на бараниот преглед
    5. Се внесува телефон за контакт на пациентот (мобилен или фиксен)
    6. Се избира Клиника: Универзитетски Институт за позитронско-емисиона томографија
    7. Се избира Апарат: ПЕТ КТ скен
    8. Се избира термин

    Напомена: За терминот на скенирање пациентот ќе биде контактиран на телефонскиот број наведен во упатот. Ве молиме внесете точен и валиден телефонски број на пациентот.

    Доколку имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме јавете се во ЈЗУ УИ ПЕТ на телефонскиот број 02 3079 080 локал 200 секој работен ден од  12 до 14 часот.


    Ваш стручен тим, 

    ЈЗУ УИ ПЕТ

    Известување за начинот на издавање на податоци од системот Мој Термин за статистички истражувања

    7 Јул 2016

    Врз основа на член 249-в став (4) и став (9) од Законот за здравствената заштита Министерството за здравство донесе подзаконски акти кои се однесуваат на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем (Мој Термин). На следниот линк http://zdravstvo.gov.mk/podzakonski-akti/ се наоѓаат следните правилници:

    • Правилник за начинот на пристап, дистрибуција, издавање, користење, чување и заштита на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем
    • Тарифник за утрдување на висината на надоместокот за користење и за увид на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем

    Во прилог на ова известување се наоѓа образец за поднесување на барање за издавање на податоци од системот кои би се користеле за статистички истражувања

    Барањето се поднесува до: Управа за електронско здравство, ул. 50та Дивизија, бр. 14а, 1000 Скопје (преку пошта или лично во просториите на Управата).

    Управа за електронско здравство

    Комисии за издавање на конзилијарно мислење со наод

    24 Ное 2015

    Установи во кои се вршат конзилијарни прегледи за остварување на правото за додаток за мобилност, слепило и глувост

    УСТАНОВА

    КОМИСИЈА

    НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТ

    ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

    мобилност

    На шалтер 

       или на сметка

    назив на примач ЈЗУ УК за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интенизвно лекување и ургентен центар Скопје Водњанска бр. 17
    здравствена трезорска сметка (транскакциска сметка)

    10000-00000-66005
    подсметка на примач 660250014053183
    цел на дознака КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ ЗA (МОБИЛНОСТ И СЛ) за ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ЛИЦЕТО КОЕ БАРА КОНЗИЛИЈАРЕН ПРЕГЛЕД
    приходна шифра 723819
    програма 0

    ЈЗУ УК по хируршки болести "Св. Наум Охридски" - Скопје

    мобилност

    На шалтер

    ЈЗУ УК за Уво, нос и грло

    глувост

    На шалтер

    ЈЗУ УК за Очни болести

    слепило

    На шалтер

    Установи во кои се вршат конзилијарни прегледи за остварување на правото за додаток за туѓа помош и нега

    УСТАНОВА

    КОМИСИЈА

    НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ НАДОМЕСТ

    Градска општа болница 8-ми Септември

    туѓа помош и нега

    На шалтер

    ЈЗУ Клиничка болница - Тетово

    туѓа помош и нега

    Назив на примач ЈЗУ Клиничка болница Тетово
    Трезорска сметка 100-0000000660-05
    Банка депонент Народна банка на РМ
    Сметка на сопствени приходи

    660-2801802531-27
    Приходна шифра и програма 725939-00

    ЈЗУ Клиничка болница „Д-Р Трифун Пановски“ - Битола

    туѓа помош и нега

    На благајната до 15:30

    или на сметка : НБРМ
    100000000066005
    660020050253158
    725939  00
    Со назнака : За комисија за туѓа нега и помош

    ЈЗУ Клиничка болница Штип

    туѓа помош и нега

    На шалтер

    ЈЗУ УК за Неврологија

    туѓа помош и нега

    На шалтер

    ЈЗУ УК за Психијатрија

    туѓа помош и нега

    На шалтер

    ЈЗУ УК за Ревматологија

    туѓа помош и нега

    На уплатница ПП50:Трезорска сметка 1000000066005 Сметка на ЈЗУУ Клиника за ревматологија – Скопје 660250011953133 Приходно конто 723819

    ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

    туѓа помош и нега

    На шалтер

    или на сметка:

    Назив на примач ЈЗУ УК за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интенизвно лекување и ургентен центар Скопје Водњанска бр. 17

    здравствена трезорска сметка (транскакциска сметка) 10000-00000-66005
    подсметка на примач 660250014053183
    цел на дознака КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ ЗA (МОБИЛНОСТ И СЛ) за ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ЛИЦЕТО КОЕ БАРА КОНЗИЛИЈАРЕН ПРЕГЛЕД
    приходна шифра 723819
    програма 0

    ЈЗУ УК за Хематологија

    туѓа помош и нега

    На шалтер

    ЈЗУ УК по хируршки болести "Св. Наум Охридски" - Скопје

    туѓа помош и нега

    На шалтер

     

     

     

    Запирање на СМС известување за закажан преглед

    17 Ное 2015

    Доколку на Вашиот телефонски број не сакате да добивате СМС известување за закажан преглед потребно е да испратите порака со содржина  STOP SMS  или SMS STOP на телефонскиот број 144 194.

    Ве предупредуваме дека во тој случај нема да добивате известувања за потсетување за закажаните прегледи или за евентуално презакажување на термините за преглед.

    Министерство за здравство

    Откажување на упат за преглед

    20 Ное 2014

    Министерството за здравство апелира до пациентите, доколку треба да го откажат прегледот на кој се упатени, да искористат некој од начините за откажување на терминот, најмалку 24 часа пред прегледот, за истиот да биде искористен за преглед на друг пациент. Откажување на прегледот може да се направи на некој од следните начини:

    - Преку откажување на упатот од страна на лекарот кој го издал (матичен лекар или специјалист/субспецијалист). Пациентот треба да се обрати до лекарот и да го информира дека сака да го откаже упатот.

    - Преку испраќање на смс порака на телефонскиот број 144 194. Како содржина на пораката треба да се наведе бројот на електронскиот упат (пр. WR1432)

    - Преку јавување на телефонскиот број на техничката поддршка на Мој Термин (02) 15 444 (секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот)

    - Преку испраќање на мејл на електронската адреса mojtermin@zdravstvo.gov.mk, при што треба да се наведе бројот на упат, име и презиме на пациентот, телефонски број за контакт

    - Преку јавната веб страна на Мој Термин: http://mojtermin.mk .

     

    Нови термини и термини за контрола

    6 Окт 2014

    Почитувани,
    Ве известуваме дека од 01.11.2014 година секоја сабота од 08.00 до 16.00 часот во Поликлиника Букурешт во сите специјалистички служби (интерна медицина, оториноларингологија, офталмологија, рентген дијагностика, дерматовенерологија, невропсихијатрија, физикална медицина и рехабилитација), дежурствата ке бидат креирани по Националниот систем за електронски евиденции во здравството - Мој Термин и тоа со следниот распоред.

    од 08.00 ч. до 11.00 ч. -12 прегледи
    11.00 - 11.30 пауза и
    11.30 ч. до 15.00 ч. - 14 прегледи 
    15.00 ч. - 16.00 ч. - контролни прегледи.

    Со почит,
    ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

    Известување за нов начин на упатување на пациенти кон ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство

    12 Септ 2014

    Почитувани,

    Би сакале да Ве известиме за промената на начинот на закажување на пациенти преку системот МојТермин.

    Од месец октомври 2014 година, закажувањето за специјалистички/субспецијалистички  прегледи ќе се извршува КОН АМБУЛАНТИ, односно доколку сакате да закажете преглед потребно е на пациентот да му издадете електронски упат преку системот Мој Термин, но наместо досегашната пракса да се закажуваат прегледи кај доктори специјалисти, од сега закажувањето прегледи ќе се изведува кон амбулантите на ЈЗУУГАК.

    Би сакале да Ве известиме и да Ве запознаеме со распоредот и работата на амбулантите на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје,  а со цел да нема забуни и погрешно закажување на пациентите во несоодветна амбуланта и кај несоодветен доктор преку системот Мој Термин.

    На Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје работат 9 амбуланти од кои што една од нив е дежурна, приемна амбуланта за итни случаи. Во таа амбуланта не се вршат закажувања. Останатите осум амбуланти се поделени на две општи акушерски,  две општи гинеколошки амбуланти и четири субспецијалистички амбуланти.


    ОПШТИ АМБУЛАНТИ

    ·        Акушерска бр.1 и 2 со ознака број 37 и 36

    ·        Гинеколошка бр.1 и 2 со ознака број 34 и 11

     

           СУБСПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ АМБУЛАНТИ

    ·        Уролошка со ознака број 33

    ·        Онколошка со ознака број 35

    ·        Перинаталошки скрининг и супервизија со ознака број 28

    ·        Ендокринологија, асистирана репродукција и неплодност  со ознака број 29
     

    СПЕЦИФИКАЦИЈА НА АКУШЕРСКИ АМБУЛАНТИ

    Акушерска амбуланта број 37 е амбуланта во која се вршат прегледи за трудници во првиот триместар од бременоста (11 – 13 недела или ПРИСКА 1), втор триместар од  бременоста (16 – 18 недела или ПРСКА 2), и трет триместар од 20 – 24 недела од бременоста. Во истата амбуланта се вршат и други испитувања за интервенции, како амниоцентези, индукции со медицинска индикација,  и прегледи за трудници за боледувања кој што траат до 21 ден.  Сите овие прегледи се извршуваат секој вторник од 08:30 до 11:30 и во тој временски интервал амбулантата работи само со тие пациенти кој што се дојдени тој ден на интервенција или преглед за боледување,  и тој период  во тој временски интервал не се закажуват прегледи.

    Акушерска амбуланта број 36 е амбуланта во која се вршат прегледи и редовни контроли за трудници од 28 недела од бременоста  па се до крајот на бременоста. Амбулантите 36 и 37 работат во две смени од 08:30 до 19:00 часот.

     

    СПЕЦИФИКАЦИЈА НА ГИНЕКОЛОШКИ АМБУЛАНТИ

    Гинеколошка амбуланта број 11 и 34 се општи гинеколошки амбуланти во кои се
    врашат ехо прегледи, колпоскопија, брисеви, ХПВ типизација, прегледи за тумори, цисти, миоми, контроли после биопсија и киретажа,  и др.

    СПЕЦИФИКАЦИЈА НА СУБСПЕЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ АМБУЛАНТИ

    Субспецијалистичката амбуланта број 28 а амбуланта за Фетален скрининг и супервизија. Во оваа амбуланта се вршат прегледи за трудници од 20 – 24 гестациска недела, се извршуваат скрининзи и супервизии за малформации како ехо-кардиографија, малформации за бубрези, спинавифина, тумори на глава, цисти, плодова вода. Во истата амбуланта секоја  Среда од 13:00 до 14:00 часот се состанува комисија за боледување над  60 денови и тој период  во тој временски интервал не се закажуват прегледи.

    Субспецијалистичката амбуланта број 29  е амбуланта за Ендокринологија, асистирана репродукција и неплодност.  Во оваа амбуланта се вршат прегледи и консултации за понатамошно испитувања и третирања на пациентите кои имаат проблеми со неплодност.

    Субспецијалистичката амбуланта број 33 е амбуланта за Урогинекологија, односно уролошки проблеми како пролапси, проблеми со бешика, прстен песар, неконтролирано мокрење или инконтиненција, цистоцела, еритроцела, систула вагиналис, перинеопластика и др.

    Субспецијалистичката амбуланта број 35 е Онколошка амбуланта во која се врашат прегледи за карциноми и пост-оперативни прегледи. Амбулантата 35 работи во две смени од 08:30 до 19:00 часот.

     

    Акушерските амбуланти 36 и 37, како и Гинеколошката амбуланта 35 работат во две смени од 08:30 до 19:00 часот. Распоредот за вторите смени се изготвува најкасно до 10-ти во тековниот месец за следниот месец. Термините за прием во вторите смени ќе бидат одобрени најкасно до 10-ти во месецот. Во случај на отсуство на лекарот во амбулантите, соодветното одделение одговара за отсуството и наоѓа замена за истиот.

    Поради годишните одмори на лекарите во летниот период, во месеците Јули и Август амбулантите работат со изменет распоред. Во тој период втора смена работи само Акушерската амбуланта бр. 37
    Во Ургентната амбуланта не се закажуваат прегледи, работи само со итни случаи и отворена е нон-стоп 24 часа.

                                                                                                                                                         

    Со почит,
     

    Управа на ЈЗУУГАК – Скопје

    и

    Министерство за здравство

    Во ЈЗУ УК за Нефрологија отворена е амбуланта за подготовка на пациенти за трансплантација на бубрег (за подготовка на листа)

    16 Апр 2014

     

    Почитувани,

    Ве известуваме дека во ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје е отворена амбуланта за подготовка на листа на пациенти за трансплантација на бубрег. Целта е да бидеме лесно достапни за сите пациенти кои ќе се упатат за подготовка за трансплантација на бубрег, да бидат што е можно побрзо прифатени, подготвени и поставени на листата за чекање за трансплантација на бубрег. Посебен акцент се става на лекарите кои работат во Центрите за дијализа во РМ.

    Амбулантата започнува со работа од 17.04.2014 година (четврток).

    Постапката на закажување пациенти преку Мој Термин е следна:

    1. Матичниот лекар избира тип на упат: Специјалистички-Субспецијалистички упат.
        Лекарот специјалист избира тип на упат: Интерспецијалистички Упат.

    2. Се избира специјалност: Нефрологија.

    3. Се избира клиника: ЈЗУ УК за нефрологија.

    4. Во полето лекар/апарат се избира: Амбуланта за подготовка на пациенти за трансплантација на бубрег (за подготовка на листа).

    Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот.

     

    Со почит.

    ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје.

    Постапка за упатување на скенирање со радиоизотопи на Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина

    14 Апр 2014

    Ве известуваме дека од 15.04.2014 година, упатувањето за скенирање со радиоизотопи на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, Медицински факултет во Скопје ќе се врши на следниот начин:

    1. Упатувањето на пациенти за скенирање го прават само лекари од секундарно и терциарно ниво (специјалисти/субспецијалисти).
    2. Еден упат се користи само за ЕДЕН вид на скенирање. Доколку се потребни повеќе видови на скенирања за еден ист пациент, лекарот е должен да издаде повеќе упати за истиот пациент.

    Постапка на креирање на упат за скенирање:

    1. Се избира тип на упат : Упат кон Нуклеарна медицина.
    2. Се избира Клиника: Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина.
    3. Се избира Оддел: Нуклеарна медицина-скенирање.
    4. Се внесува телефон за контакт на пациентот (мобилен или фиксен).
    5. Се избира Видот на скенот: од опаѓачко мени.
    6. Во полето Вид на скен (опис) може да се внесе текст за дообјаснување на бараниот преглед. Ова поле не е задолжително.
    7. За терминот на скенирање пациентот ќе биде контактиран на телефонскиот број наведен во упатот. Ве молиме да внесете точен и валиден телефонски број на пациентот.

    Доколку имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме јавете се во Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина на телефонскиот број 070-396-633, секој ден од  10 до 12 часот.

    Со почит,

    Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина
    и
    Министерство за здравство

    Известување за начинот на упатување кон ХПВ-Типизација, STD-панел, Кариотип во УК за гинекологија и акушерство

    1 Апр 2014

    Ве известуваме за закажувањето за следните анализи на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје

    1.      ХПВ-Типизација, STD-Панел која пациентите може да ги добијат во Лабораторијата за ХПВ-типизација.

    2.      КАРИОТИП која пациентите може да ја добијат во Цитогенетската лабораторија.

    Доколку треба да се направат анализите  КАРИОТИП,  ХПВ-Типизација, STD-Панел, на пациентот треба преку системот Мој ТЕРМИН да му издадете специјалистичи/интер-специјалистички упат до Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје. При закажувањето, во полето за специјалност избирате -  МЕДИЦИНСКА ГЕНЕТИКА.

    Времето за прием за испитувањата ХПВ-Типизација, STD-Панел, е секој ден од  08:30 – 14:00 часот.

    Времето за прием за испитувањата КАРИОТИП, е во деновите Понеделник  и Петок од  08:30 – 12:00 часот.

    Доколку имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме јавете се на телефонскиот број (02) 3228-440 во Клиниката за гинекологија и акушерство.

     

    Со почит,


    ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје
    и
    Министерство за здравство

    Известување за упатување кон апарати во ЈЗУ УК за Хируршки Болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    24 Фев 2014

    Ве известуваме дека од 20.02.2014 година начинот на упатување на пациенти кон апаратите ЕХОТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ) И  КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ)  се одвива на следниот начин:

    1.      ЕХОТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ)

    ·         Матичниот лекар избира тип на упат: Упат за Радиодијагностика 1

    ·         Лекарот специјалист избира тип на упат: Упат за Радиодијагностика 2

    ·         Се избира специјалноста: ЕХО

    ·         Се избира установата: ЈЗУ УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    ·         Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот

     

    НАПОМЕНА: Биопсија за мекоткивни тумори (РДУ1) матичниот лекар може да го издаде ИСКЛУЧИВО по препорака на специјалист радиолог, ортопед, трауматолог, хематолог, гинеколог и радиотерапевт-онколог.

     

    Подготовка за пациентот пред прегледот (ВАЖНО):

    - Најмалку 3-5 дена пред интервенцијата пациентот да се јави во нашата Клиника на Р.Е.Ренген заради

      консултација со специјалист радиолог, со себе носејќи ги сите резултати од предходните испитувања

    - На ден на интервенција пациентот да биде гладен

    - На денот на интервенцијата да не прима антикоагулантна терапија, со предходна консултација на

      трансфузиолог

    - Да го извести лекарот ако е алергичен на лекови, храна и слично.

     

    2.      КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА (БИОПСИЈА НА МЕКОТКИВНИ ТУМОРИ)

    ·         Лекарот специјалист избира тип на упат: Упат за Радиодијагностика 2

    ·         Се избира специјалноста: Компјутерска Томографија

    ·         Се избира установата: ЈЗУ УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    ·         Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот

     

    Подготовка за пациентот пред прегледот (ВАЖНО):

    - Најмалку 3-5 дена пред интервенцијата пациентот да се јави во нашата Клиника на Р.Е.Ренген заради

      консултација со специјалист радиолог, со себе носејќи ги сите резултати од предходните испитувања

    - На ден на интервенција пациентот да биде гладен

    - На денот на интервенцијата да не прима антикоагулантна терапија, со предходна консултација на

      трансфузиолог

    - Да го извести лекарот ако е алергичен на лекови, храна и слично.

     

    ЈЗУ УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

    и

    Министерство за Здравство

    Известување за начинот на упатување на пациенти кон Институтот за медицинска физиологија и антропологија

    19 Фев 2014

    Ве известуваме дека од 20.02.2014-та година начинот на упатување на пациенти кон докторите специјалисти од Институтот за медицинска физиологија и антропологија се изведува преку системот за електронско закажување “Мој Термин“.

    Постапката на закажување е следна :

    За спортски прегледи:

    1. Матичниот лекар избира тип на упат : Специјалистички-субспецијалистички
    2. Се избира специјалност : Спортска медицина
    3. Се избира установа : Институт за медицинска физиологија и антропологија
    4. Се избира одделение кон кое треба да се упати пациентот:

    -        Одделение за спортска медицина  ( специјалност - спортска медицина) - Прегледи на спортисти со проширен пакет 

    -        Одделение за антропометрија и ЕКГ (специјалност - спортска медицина) - Скратен спортски преглед за деца до 8 години

    5.  Се избира термин и се креира електронски упат за пациентот

    За прегледот ЕМГ за гравиден утерус:

    1. Матичниот гинеколог или специјалист избира тип на упат : Специјалистички-субспецијалистички
    2. Се избира специјалност : Неврологија
    3. Се избира установа : Институт за медицинска физиологија и антропологија
    4. Се избира: ЕМГ за гравиден утерус
    5. Се избира термин и се креира електронски упат за пациентот.

    За сите дополнителни прашања може да се обратите на телефонските броеви (02) 3111-774 и 3113-627 во периодот од 08:00 до 12 часот.

    За прегледите кои се претходно закажани во Институтот  потребно е да се издаде упат со повисок приоритет, кој не смее да биде постар од 7 дена.

     

    Институт за медицинска физиологија и антропологија

    и

    Министерство за здравство

    Упатување за интервенцијата „Кор биопсија на дојка“ на УК за радиологија

    6 Фев 2014

    Ве известуваме дека упатувањето за интервенцијата „Кор биопсија на дојка“ на УК за радиологија - Скопје, се врши со издавање на Упат за радиодијагностика (РДУ1 или РДУ2) кон апаратот Ехотомографија (Биопсија на дојка) во категорија ЕХО.

    Упат за кор биопсија на дојка може да издаде матичен лекар исклучиво по препорака на специјалист радиолог, торакален хирург и радиотерапевт – онколог. Лекари кои ќе ја вршат интервенцијата се д-р Светлана Темелковска и д-р Маја Јакимовска Димитровска.

     

    Подготовка на пациентот пред прегледот (ВАЖНО):

    - Пациентот со себе да ги носи претходните резултати (ехо, мамографија не постари од 2 недели).

    - На денот на прегледот да не прима антикоагулантна терапија со претходна консултација со трансфузиолог.

    - Да го извести лекарот ако е алергичен на некој лек.

     

    УК за Радиологија – Скопје

    и

    Министерство за здравство

    Нови лекари-специјалисти во Воено Медицински Центар Скопје

    21 Јан 2014

     

    Ве известуваме дека во Воено Медицински Центар Скопје, Министерство за Одбрана, започнаа со работа нови лекари – специјалисти:

    1.      Др.Елизабета Петрушевска-Михајловска-Психијатар

    2.      Др.Сузана Минева -Невролог

    Ве информираме дека за нив се креирани термини за преглед во Мој Термин и кон нив може да се креираат упати.

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕГЛЕДИ НА СПОРТСКА МЕДИЦИНА

    20 Јан 2014

    Ве известуваме дека од 01.01.2014 година, начинот на упатување на пациенти кон докторите специјалисти по спортска медицина во установата “Работна единица Завод за превентивни здравствени прегледи на спортисти“ која е во состав на ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ се изведува преку системот за електронско закажување “Мој Термин“.  

    Постапката на закажување на пациенти е следна:

    1.       Матичниот лекар избира тип на упат: Специјалистички-субспецијалистички упат.

    2.       Се избира специјалноста: Спортска медицина.

    3.       Се избира установата: ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ.

    4.       Се избира одделението Спортска медицина, каде се појавуваат слободните термини за закажување на пациентите.

    5.       Се избира  термин и се креира електронски упат за пациентот.

    ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ ДО ПОСТАПКАТА НА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ КОН НАШАТА УСТАНОВА. За сите прашања може да ни се обратите и на телефонскиот број (02) 3225 - 402

    Со почит,

    Работна единица Завод за превентивни здравствени прегледи на спортисти – ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ

    и

    Министерство за здравство

    Интернистички прегледи во ЈЗУ ГОБ 8ми Септември

    25 Дек 2013

    Ве известуваме дека во ЈЗУ ГОБ 8ми Септември, за прегледите од страна на специјалистите по интерна медицина кои ги вршат во Општата интерна амбуланта, креирани се термини во Мој Термин. Прегледите ќе се вршат во две смени и започнуваат од првиот работен ден во 2014та година, 2-ри јануари.

    Закажувањата на прегледи се врши на тој начин што се избира специјалност интерна медицина и Општа интерна амбуланта.

     

    ИЗВЕСТУВАЊЕ до матичните лекари од Скопје за прегледи на ортопеди

    10 Дек 2013

    Ве известуваме дека од 12.11.2013 година, во Одделението за ортопедски болести во Поликлиника БУКУРЕШТ, во втора смена ќе работат  специјалисти ортопеди од ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ (ОРТОПЕДИЈА).

    Прегледите ќе се закажуваат преку МОЈ ТЕРМИН во ЈЗУ “ЗД Скопје - Поликлиника Букурешт” Скопје, во Амбуланта ортопедија, специјалност ортопедија. Во времето за прием ќе биде дадена информација кој специјалист ортопед ќе ги извршува прегледите одреден ден. Прегледите ќе се вршат секој работен ден од 14:30 до 19:30 часот.

    Приемот на пациенти е воглавно наменет за возрасна патологија.

    ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ –   

    С К О П Ј Е

    Упатување за интервенцијата Амниоцентеза, за анализата Спермограм и ОГТ-тест за трудници на УK за гинекологија и акушерство - Скопје

    10 Дек 2013

    Почитувани,

    Ви се обраќамe со појаснување околу закажувањето за следните анализи на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје:

    1. За интервенцијата  Амниоцентеза

         Доколку имате пациентка која треба да изврши Амниоцентеза, потребно е преку системот МојТермин на пациентката да издадете специјалистички упат со термин до Амбулантата за амниоцентеза. По извршениот преглед лекарот специјалист издава      Болнички упат за интервенцијата. Интервенцијата се извршува истиот ден, пациентот истиот ден ја напушта клиниката.

               Времето за прием за интервенцијата Амниоцентеза е секој Вторник од 08:30 – 11:00 во Амбулантата за амниоцентеза.

     

    2. Спермограм  (ЦГА 3), која  пациентите можат да ја добијат во Андролошката лабораторија  

         Доколку треба да се направи анализата спермограм, на пациентот треба преку системот Мој Термин,  да му издадете Специјалистички субспецијалистички упат до специјалност/ апарат Спермограм во Универзитетската Клиника за гинекологија и            акушерство –Скопје

         Упатувањето на пациенти за спермограм  во Андролошката лабораторија при ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство може да биде од страна на:

           -  Избраниот лекар (од дејноста општа медицина) на мажотврз основа на препорака на избраниот гинеколог на жената

            -  Лекар (уролог) од секундарно и терциарно  ниво  (специјалисти/субспецијалисти)

    Заради правилно упатување и навремено извршување на оваа анализа потребно е да го информирате пациентот за следното:

                - Пациентот претходно треба да има направено HIV- тест  не постар од 6 месеци и истиот треба да  го  носи на закажаниот термин.

               - На денот на анализата пациентот треба да има апстиненција од сексуални односи  најмалку 2-4 дена.

     

    3. ОГТ- тест  (скриен шекер кај трудници) која  пациентите можат да ја добијат во Биохемиската лабораторија

    За ОГТ- тест (скриен шеќер кај трудници) треба да издадете Лабораториски упат 1. Потоа пациентите треба да закажат термин  за испитување во Биохемиската лабораторија,  на тел. 02/3228 440 секој работен ден од   08:30 – 19:00  часот. Пред да дојде во Биохемиската лабораторија на испитување, предходниот ден од 19:00 часот пациентката не треба да конзумира храна и пијалоци, освен вода обична или минерална. Исто така Ве известуваме дека оваа услуга пациентите може да ја добијат и во други здравствени установи. 

    За сите дополнителни прашања може да се обратите на телефонските броеви 
    02/ 3147458  и 02/3228440 во периодот од  08:00 до 12 часот.

     

    Со почит,

    ЈЗУ Универзитетска клиника за 

    гинекологија и акушерство - Скопје

    Специјалист
    Апарат
    Установи
        x